репрезентира (св. и несв.)
Набљудувавме како двегодишно дете учи да зборува и дадовме теорија за тоа како шемите на детето можат да ја репрезентираат неговата способност да го учи јазикот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Колку телото е способно да го изрази или репрезентира субјектот доколку го замислиме како простор за негова изградба? ÂÂ Без визуелна експозиција на човековото тело навистина веќе нема добар спектакл.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како и Хермоген и Кратил, кои во дијалогот Кратил расправаа за вистинитоста на зборовите, односно дали тие навистина ја репрезентираат суштината на нештата што ги означуваат, нашите ликови, балкански Хермоген и Кратил, расправаат за вистинитоста на балканските јазици и дали тие вистинито го одразуваат она што го означуваат културниот и националниот идентитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа го избира Херцеговецот бидејќи отсекогаш живеела со него, бидејќи тој, односно она што тој го репрезентира, е дел од нејзиното најинтимно животно искуство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Наместо тоа овде во секој момент постои множество на активни шеми изградени од шемите кои го репрезентираат нашето „знаење” и кои ги одразуваат нашите тековни цели и состојби.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Можеме да имаме шема која го репрезентира нашето генерално знаење за столови, но ќе ни требаат неколку инстанци од таа шема, секоја соодветно нагодена, за перцепција на неколку различни модели на столови; 3) програмите се изведуваат конкурентно.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Единствената вистинска придобивка во овој случај се состои, по мое мислење, во повторната егземплификација на сознанието дека не е можно да се мислат и репрезентираат тнр. национални вредности во културата по пат на уметничка или интелектуална продукција, а да не се падне назад во националистичкиот дискурс во културата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)